Со купувањето на оваа влезница посетителот безусловно ги прифаќа правилата на организаторите, правилата и условите за користење на www.sun.com.mk и правилата на однесување на местото каде се одржува настанот.

Само со купена влезница од официјални дистрибутери и онлајн на www.sun.com.mk ќе ви биде дозволен влез на настанот. Влезницата важи за едно лице и овозможува само едно влегување. Посетителот е должен за време на настанот со себе да ја носи влезницата.

Посетителот и неговите лични работи ќе бидат прегледани при влезот на настанот поради личната и колективната безбедност. Забрането е внесување на знамиња и транспаренти со клубски или други ознаки и содржини, како и со недозволена содржина (националистички, расистички, нацистички и слични пораки и ознаки).

Забрането е внесување на пиротехнички средства, распрскувачки материјали, оружје и се друго што може да ја загрози сигурноста и безбедноста.
Забрането е внесување на храна и пијалоци.
Забранет е влез на лица помали од 18 години по 00:00 часот.
Доколку настанот се одржува во објект на затворено пушењето е забрането во согласност со Законот за заштита од пушење.

Организаторот има право да го отстрани посетителот доколку ги прекршува правилата или доколку процени дека истиот е закана за одржувањето, сигурноста и безбедноста на настанот
Фалсификувањето и неовластена продажба на влезници претставува кривично дело казниво со закон.

Купениот билет не може да биде вратен, заменет или предаден на друго лице. Доколку купувачот го отстапи својот билет (во печатена форма или преку препраќање на билетот на друго лице) за единствено важечки ќе се смета оној билет кој прв ќе биде евидентиран и регистриран преку системот за контрола и евиденција на влезот на салата каде што се одржува настанот.

Доколку настанот е откажан, организаторот има право да ги дефинира условите на надомест (вклучувајќи го и намалувањето на цената на билетот заради преместување). Било каква измена на програмата, измена на распоредот итн, не претставува причина за замена или надомест.

Како значаен дел од глобалните светски трендови на целосно музичко доживување, нашата организација на македонската публика ќе и овозможи доживување на новиот музички бран на современата и прогресивна урбана музика.
© 2021 sun.com.mk. Сите права се задржани.