Како значаен дел од глобалните светски трендови на целосно музичко доживување, нашата организација на македонската публика ќе и овозможи доживување на новиот музички бран на современата и прогресивна урбана музика. Примарна цел на нашите музички настани е понудата на ексклузивна, квалитетна програма и запознавање во живо на домашната публика со музичките видувања на врвните светски и македонски современи музички имиња од светот на урбаната музика.

SUN PRODUCTION постои од 2005 година, досега имаме реализирано повеќе од 200 помали и поголеми настани со гости од надвор и домашни музичари.

Ние сме можеби единствената компанија која делува во оваа област и можеби најпрепознатливиот бренд кога се работи за електронската музика на македонскиот пазар.
SUN PRODUCTION во континуитет работи и организира настани во просек еден месечно и може да се пофали со верна публика која редовно ги посетува нашите настани, а со тоа ни овозможува самоодржливост и независнот.

Како значаен дел од глобалните светски трендови на целосно музичко доживување, нашата организација на македонската публика ќе и овозможи доживување на новиот музички бран на современата и прогресивна урбана музика.
© 2021 sun.com.mk. Сите права се задржани.